Маж ќе одговара кривично - превезувал патници без лиценца

СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.Е.(37) од село Добарце, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување на лиценца“.

На 19.07.2023 на регионален пат Тетово - Скопје, кај село Желино, полициски службеници извршиле контрола на патничко возило „мерцедес“, управувано од пријавениот, при што констатирале дека врши јавен превоз на патници без да поседува соодветна лиценца издадена од надлежен орган. 

21.09.2023 - 16:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега