Полицијата стопирала „пасат“ во Македонска Каменица, возачот веднаш уапсен
Ноќеска во 00.40 часот на ул. „Александар Македонски“ во Македонска Каменица, полициски службеници од ПО Македонска Каменица го лишиле од слобода Б.М. (36) од Македонска Каменица.
При сообраќајна контрола, полициските службеници констатирале дека Б.М. управувал патничко моторно возило „пасат“ со бугарски регистарски ознаки под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2.41 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на случајот, против Б.М. ќе биде поднесена пријава по член 297 - а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.
02.07.2025 - 10:00
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа