Маричиќ: Се гордеам со мојот ангажман во Владата - успешно го завршивме скринингот

 
„Горд сум што во рамки на мојот ангажман во Владата успешно заокруживме уште едно важно поглавје од нашата европска интеграција“, напиша утрово Бојан Маричиќ, поранешниот прв заменик на Владата задолжен за европски прашања. Тоа е скринингот, како прва фаза од преговарачкиот процес, дополни тој.
 
Во објавата на Фејсбук, го вметна и писмото добиено од претседатлеката на ЕК, како потврда за успешноста на скринингот.
 
„Потврда за успешноста на скринингот е и писмото кое го добив во јануари 2024 година од претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен.
Со ова писмо се препознаваат трудот и успехот на најважниот скрининг процес на државата, се става акцент на досегашните резултати во процесот на преговорите, реформската агенда и европските фондови кои се клучни за натамошниот развој на државата.
Фон дер Лајен во писмото ги истакнува важноста и можностите што европскиот План за раст ги нуди за Северна Македонија и Западен Балкан“, напиша Маричиќ на ФБ.
25.06.2024 - 15:52

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега