Маричиќ: Фокусот на СДСМ ќе биде на економскиот раст и зголемување на платите и пензиите

 

Вицепремиерот за европски прашања и секретар за меѓународна соработка на СДСМ, Бојан Маричиќ во интервју за Слободен печат оцени дека ВМРО-ДПМНЕ и нивната кандидатка Гордана Силјановска Давкова на претстојните избори немаат никаков конкретен план.

„Планот, за жал, на ВМРО – ДПМНЕ и Силјановска за европски интеграции значи само на зборови. Морализирање, изнесување на убави зборови а на дела сосема спротивно – изолација, маргинализација на Македонија, на маргините на меѓународната заедница, како што беше до 2017 и влегување во некои фикс идеи, алтернативи кои не се вистински алтернативи туку се само една димна завеса. И затоа ние инсистираме на овие избори да се разговара, да се изложи планот, конкретниот план на секој кандидат, на секоја политичка опција што е во врска со текот на развојот на државата и текот на европските интеграции“ рече тој.

Маричиќ најави на што ќе се фокусира неговата партија во претстојниот период.

„Фокусот ќе биде на зголемување на економскиот развој, зголемување на платите и пензиите тоа што СДСМ го направи во овие години. 70% пораст на просечната плата, 70% пораст на платите во образованието, здравството, во примарното предшколско образование, во повеќе области. Покачување на минималната плата повеќе од двојно во однос на времето на ВМРО – ДПМНЕ. Зголемување за 300% на социјалната помош. Отворање на можности за странски директни инвестиции, намалување на невработеноста. Зголемување и чување на стандарадтот на граѓаните ќе биде приоритетот. Ако сме ветиле дека до крајот на овој мандат просечната плата ќебиде 600 евра, а таа е веќе 700, сигурен сум дека до крајот на наредниот мандат ќе биде 1000 евра“ истакна Маричиќ.

 

04.03.2024 - 12:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега