Манолева: Искрено се надевам дека ќе се зголемат платите на докторите
Искрено се надевам дека ќе се зголемат платите на докторите, вели во #етектор Маја Манолева, заменик Министер за здравство. Таа додава дека актуелната Влада секогаш ги слушала барањата на докторите и медицинскиот персонал и дека вложувала максимални напори да обезбеди средства за повисоки плати
„Тоа е она што го бараат синдикатите. Оваа Влада во континуитет ги следеше барањата на здравствените работници во зависност од можностите. Мислам дека постојано се слушаше гласот на здравствените работници и барањата да се зголемат платите и во повeќе наврати. Искрено се надевам, преговорите се уште се во тек, при крај, искрено се надевам, ова не можам да го потврдам но искрено се надевам дека би требало да се обезбедат средства за она што беше договарано со синдикатите“ – вели Манолева за Детектор.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа