Манасиевски: Дали Каја Шукова не смеела да одбие да биде кандидат за пораз
Дали Каја Шукова не смеела да одбие да бидат кандидат за пораз, затоа што е директно вмешана во бизнисите со фотоволтаици на луѓе од власта?, прашува Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Дали Каја Шукова како Министер за животна средина има дадено стотици позитивни мислења за поставување на фотоволтаични централи низ Македонија, и дали поголемиот дел од истите тие фотоволатични централи се на луѓе блиски до СДС?
Дали Каја Шукова е вмешана во давањето мислење за поставување на фотоволтаична централа на браќата на Венко Филипче и Зоран Заев во Дојран?
Дали поврзаноста со бизнисите на Заеви и Филипче, всушност е и причината поради која таа е врзана во кругот во СДС од кој не може да излезе?
Дали Каја Шукова заради ова свое минато со Заев и Филипче немала избор како Мишко Ралев кој ја одбил понудата да биде кандидат на СДС за Скопје?“, прашува Манасиевски.
„Ова се кадрите на СДС. Кадри со силни врски со минатото и со бизнисите на Заев и Филипче.
Каја Шукова ќе дознае што мислат Скопјани за СДС и за неа, со најголемиот пораз во историјата на таа партија, истакна Манасиевски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа