Македонските фудбалери денеска ќе ја пречекаат репрезентацијата на Гибралтар

 

Во натпреварот против Гибралтар закажан за вечер од 18 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, македонската фудбалска репрезентација ќе го заокружи јунски дел од Лигата на Нации.

Избраниците на селекторот Благоја Милевски играат во четвртата група Ц-цегмент. По поразот од Грузија пред три дена, ова ќе биде убава можност „рисовите“ да се вратат на победите.

Средбата со Гибралтар на гостински терен на 5 јуни Македонците ја добија со 2:0.

По три кола македонскиот национален тим има четири бода и е втор на табелата, зад лидерот Грузија која има максимални девет бода. Бугарија е трета со два, Гибралтар е последен со еден освоен бод. 

12.06.2022 - 11:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега