Македонски Концепт: Заев да не се заканува на Богојески

„Политичката партија Македонски Концепт, јавно реагира и искажува незадоволство поради заканите кои Зоран Заев, премиер во сенка, ги упатува кон националниот лидер на нашата партија Петар Богојески, во врска со неговото последно интервју за неделникот Фокус во кое тој отворено зборува за криминалното поведение на македонските политички елити.

Заканите и подметнувањата нема да не поколебаат кон нашата цел, а тоа е целосен рестарт на државниот систем и со тоа и правда за арамиите, кои се служат со такви методи.

 

Наместо закани, добро е Заев да даде одговори дали има сопственост или удели во фирми во Грција, Дубаи, Индија, Африка и разни острови низ светот?

Тие одговори не ги бараат само Македонски Концепт и Богојески, туку сите македонски граѓани во земјава.

Македонски Концепт има нулта толеранција кон криминалот и корупцијата, а тоа дополнително ќе го покажеме откако македонските граѓани ќе ни дадат можност да управуваме со државните институции за прогон на криминалците, особено оние од политиката."- стои во соопштението на Македонски Концепт.

27.01.2023 - 10:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа