Македонската репрезентација оштетена- и покрај фаулот, голот на Холандија признат
Во 24-та минута од натпреварот, Холандија поведе на денешниот меч против Македонија со 1-0, но овој погодок беше дискутабилен поради остриот старт кон Пандев.
Причината е поради тоа што Пандев беше остро фаулиран, а судијата не ја прекина играта по што Холанѓаните повлекоа контра и Депај даде гол.
Гледаа судиите во ВАР собата, ама не видоа ништо, па го признаа голот, иако очигледен е стартот на нога од Далеј Блинд врз Пандев.
21.06.2021 - 18:45
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа