Македонија потрошила најмалку пари во справувањето со енергетската криза во регионот, вели Бектеши

 

 

Македонија во споредба со другите држави во регионот потрошила најмалку пари во справувањето со енергетската криза, вели министерот Бектеши.

Тој ја имал анализата, но, како што рече, ќе оставел директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски да ѝ ја презентира на јавноста.

„Анализата ја имам, но би му оставил на господинот Васко Ковачевски да направи пресек во делот на справување со енергетската криза. Колку што сум информиран, на почетокот на наредната недела ќе има детаљна презентација, каде што ќе ја извести јавноста за сè што е преземено и во делот на трошоците директно од буџетот. Ако правиме споредба со други држави, ние сме најдобри можам да кажам, но господинот Ковачевски ќе ви објасни во детали.

Новинарско прашање: „Со најмалку потрошени пари?“

„Тоа, секако, да, но и во делот на немање рестрикции, во делот на цената на електричната енергија за домаќинствата. Работиме во насока со РКЕ за да се врати евтината дневна тарифа од 1 јули имајќи го предвид и зголеменото производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија, каде што пиковите главно се преку ден и со тоа би можеле да имаме вишоци од мај, па до октомври“, посочи Бектеши.

29.03.2023 - 15:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега