Македонија е делумно слободна земја, според извештајот на „Фридом хаус“

 

Според послендиот годишен извештај на организацијата „Фридом Хаус“, која ја следи состојбата на демократијата ширум светот, Македонија повторно е делумно слободна земја, и нема поместувања во позицијата во споредба со минатата година.

Во заклучокот се забележува дека земјата продолжува да се бори со корупцијата, и додека медиумите и граѓанското општество учествуваат во енергичен јавен дискурс, новинарите и активистите се соочуваат со притисок и заплашување.

Македонија, исто како и минатата година, има 67 од 100 поени.

Организацијата со седиште во Вашингтон, за мерењето користи систем од нула до сто поени, рангирајќи ги земји од светот како слободни, делумно слободни и неслободни.

 
26.02.2025 - 10:15

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега