Македонец се удавил во река во Швајцарија

Трагична несреќа се случи во Швајцарија откако маж од Македонија се удавил при пливање. Настанот се случил во неделата околу 15 часот откако мажот заедно со уште еден негов пријател решиле да пливаат во познатата река Аре кај Берн.

Според медиумите две лица влегле во водата во реонот на ресторанот Фахрибеизли. Од непознати причини едниот од лицата западнал во неволја и завршил беживотно пловејќи по реката Аре, соопштуваат од полицијата.


 

И покрај напорите на брзата помош и укажаните мерки за спасување сепак тој починал кратко време подоцна.

Покрај полицијата, дежурен бил и тимот за нега на Кантон Берн. Капо започна истрага за несреќата под раководство на регионалното јавно обвинителство во Берн-Мителанд.

03.09.2024 - 09:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега