Мајката на Вања: Се скарале со татко и, плачеше ми рече дојди да ме земеш

 


Зорица Ѓорчевска, мајката на убиената Вања Ѓорчевска денеска изјави дека не ги познава обвинетите за убиството на нејзината ќерка. На расправата за двојното убиство на малолетната Вања и велешанецот Панче Жежовски во Кривичен таа сведочеше за денот кога нејзината ќерка исчезнала и потрагата по неа.

Прашана дали се случило нешто специфично додека трагале и каков бил Александар, таа одговори дека бил смирен и потиштен.

-Беше смирен, потиштен, повлечен, тажен, не беше избувлив, како што знаеше да биде, ако нешто се случеше да викне по мене знаеше, дека јас сум крива, рече таа.

Ѓорчевска посочи и дека знаеле да се скараат со Вања како тинејџерка, 

-Вања од почетокот на второто полугодие бидејќи се скара со мене сакаше да отиде таму, живееше два месеци, меѓутоа не знам што се случило, се скараа. Последниот пат кога се скара плачеше ми рече дојди да ме земеш, ја земав, потоа не му збореше три месеци, но потоа лутината спласна, рече таа.

14.10.2024 - 14:28

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега