Мајка си ги претепала своите деца: Заврши зад решетки, а малолетниците во Центар за социјални работи
Млада мајка од Скопје заврши во полициска станица, откако претходно си ги претепала своите малолетни деца, информираат од Министерството за внатрешни работи. Децата биле згрижени од Центарот за социјални работи.
„На 08.05.2023 во 22.10 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ја лишиле од слобода Б.И.(34). Таа се сомничи дека во домот каде што престојуваат, физички ги нападнала своите две малолетни деца. Б.И. била задржана во полициска станица,а децата биле згрижени од Центарот за социјални работи“, информираат од МВР за Прес24.
По целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат надлежните власти.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа