Лукашенко: Живееме првенствено на сметка на Русија и Кина, но не смееме да го заборавиме Западот
Претседатлот на Белорусија, земја која досега беше лојален сојузник на Русија за време на инвазијата на Украина, денеска изјави дека сака да одржува добри односи со земјите од Европската унија, пренесува руската државна новинска агенција РИА Новости.
„Сега живееме првенствено на сметка на Истокот – Русија, Кина. Но, не смееме да заборавиме на високотехнолошкиот Запад. Тие се блиски, тие се наши соседи – Европската унија. Не можеме да ги изгубиме односите со нив“, рече Александар Лукашенко по посетата на националниот аеродром во Минск, каде одржа вонреден состанок за белоруската авијација, која е под санкции на Западот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа