Лукашенко во Москва: Ќе искористиме се’ што имаме за да ги заштитиме нашите земји и народи

 

 

Рускиот претседател Владимир Путин разговараше со својот белоруски колега Александар Лукашенко во Москва за проширување на економската соработка и зајакнување на одбранбените врски меѓу двете земји.

Во Кремљ беа и високи руски и белоруски функционери.

Рускиот лидер минатиот месец најави дека Москва ќе стационира тактичко нуклеарно оружје на белоруска територија, но портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека Путин и Лукашенко денеска не разговарале за распоредување на такво стратешко нуклеарно оружје, пренесе агенцијата Интерфакс.

Во своето воведно обраќање на денешните разговори, Лукашенко рече: „Ако е потребно, ќе искористиме се’ што имаме за да ги заштитиме нашите земји и народи. Не уценуваме никого. Така ќе биде“.

Путин рече дека „ќе се работи блиску за зајакнување на соработката“ според договорот, кој предвидува блиски политички, економски и воени врски меѓу Белорусија и Русија. Во јавните изјави на Путин и Лукашенко на самитот не се споменува војната во Украина.

06.04.2023 - 20:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега