Лукашенко: Украина и предложи на Белорусија пакт за ненапаѓање
Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко изјави дека украинската страна му предложила на Минск да склучи пакт за ненапаѓање, пренесува белоруската државна агенција „Белта“.
Според неговите тврдења, Западот не се откажал од своите планови, кои се однесуваат на Белорусија, да продолжи со обука на милитанти и екстремисти во Украина.
„Не знам што ќе им направи на Украинците. Од една страна бараат од нас во никој случај да не влегуваме во војна со Украина, нашата војска да не оди таму. Тие предлагаат пакт за ненапаѓање. Меѓутоа, од друга страна го подготвуваат тој хаос и ги вооружуваат милитантите. Полска и Литванија целосно полудеа. Зошто им е потребно? Не е јасно. Затоа, принудени сме да реагираме жестоко“, рече Лукашенко на состанокот посветен на општествено-политичката ситуација во земјата, пренесе Танјуг.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа