Лукашенко откри детали каков бил неговиот разговор со Пригожин: „Пцуеше и беснееше“

 

Белорускиот претседател Александар Лукашенко денеска откри дека заменик министерот за одбрана Јунус-Бек Јевкуров и директорот на ФСБ, Александар Бортников помогнале да се воспостави неговиот контакт со шефот на паравоената формација „Вагнер“, Евгениј Пригожин.

„Освен Јевкуров во првата фаза и Бортников, директор на ФСБ, никој не учествуваше во овие преговори“, рече Лукашенко, пренесува РИА Новости.

Како што вели, Пригожин одговорил на неговиот прв повик.

„Прво разговараа околу 30 минути, а Пригожин беше многу непријатен. Беше многу лут и многу пцуеше“, открива Лукашенко, пренесува медиумот.

Тој додаде дека за време на разговорот заклучил дека командантите на „Вагнер“ биле крајно лути на официјалната руска армија и дека тоа имало прилично ефект врз Пригожин.

„Тој беше притиснат од оние кои ги водеа напаѓачките одреди и ја видоа смртта на нивните војници. Во таа ситуација, кога го окупираа Ростов, и се беше многу хаотично, јас ги водев преговорите со него“, рече Лукашенко.

Инаку, Лукашенко претходно денеска потврди дека шефот на паравоената формација „Вагнер“, Евгениј Пригожин, веќе е во Белорусија.

„Безбедносните гаранции, како што ветив вчера рускиот претседател Владимир Путин, се обезбедени. „Да, навистина, тој денеска е во Белорусија“, рече Лукашенко.

27.06.2023 - 17:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега