Луѓето масовно гуглаат „Како да се избрише Твитер“ откако Маск ја презеде сопственоста

Корисниците на Твитер во голем број ја напуштаат платформата откако Илон Маск ја презеде сопственоста.

Експертите од безбедносната фирма VPNOverview користеа Google Trends за да го утврдат порастот на пребарувањата за прашањето „Како да се избрише Твитер? во текот на изминатата недела, и по преземањето на Маск, се чини дека пребарувањата се зголемија за дури 500%.Пребарувањата за „бојкотирам Твитер“ исто така се зголемени за 4.800 отсто во изминатите седум дена.

Маск ги објави промените на Твитер

Маск претходно размислуваше за месечна претплата од 20 долари за синиот крлеж, но се чини дека ја намали потенцијалната цена по многу критики.

Тој најави и дека ќе формира совет за модерација на содржини кој ќе собира „различни мислења“.

„Ниту една важна одлука за содржината или враќањето на сметката нема да има додека не се состане Советот“, напиша тој на Твитер.

02.11.2022 - 22:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега