Лоша вест за Французите, Мбапе сепак нема да игра
Килијан Мбапе нема да биде во составот за Франција против Холандија (21 јуни) поради повреда на носот.
Како што пренесува „Канал+“, Мбапе нема да се опорави од повредата здобиена на мечот со Австрија, а доколку биде во конкуренција за дуелот со Полска тој меч ќе го одигра со заштитна маска.
Тоа дефинитивно ќе биде удар за „триколорите“, бидејќи нема да можат да сметаат на помошта на својот најдобар играч.
Францускиот напаѓач пред крајот го заврши мечот со Австрија (1:0) поради тешка повреда. По корнерот, Мбапе скокна, a наместо топката со глава го удри Кевин Данс во рамото, при што му нанесе повреда на носот.
Му беше укажана лекарска помош, но крварењето не можеше да се запре, па тој го напушти теренот. Првите прогнози не беа добри бидејќи се работи за скршен нос, но на крајот беше објавено дека не му е потребна операција.
Франција по првиот дуел во групата има три бода, а ја очекуваат натпреварите со Холандија и Полска.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа