Листа на најплатени српски спортисти- Ѓоковиќ еден од најбогатите, познато колку заработил
Само една третина од вкупната заработка Ѓоковиќ ја добил од тенисот, остатокот пристигнал од спонзорите.
За 18 години професионална тениска кариера, Новак Ѓоковиќ, заработил околу 520 милиони долари од турнирите и спонзорските приходи.
Тоа го прави најплатен српски спортист во историјата.
На тоа само потребно е да се додадат и парите кои Новак како голем ас ги добива за самото учество на некои помали турнири. Вообичаено сумата изнесувала од 500.000 до милион долари.
Познато е дека најголемиот дел од приходите на врвните светски спортисти доаѓаат од маркетингот.
Тоа е случај и со Ноле. Во своите спонзори моментално Новак има осум исклучително моќни компании од светот.
„Парите не ми значат ништо. Не го гледам тенисот низ призмата на парите. Парите за мене се само средство за обезбедување на квалитетен живот и ништо повеќе од тоа“, раскажал Ноле на тема финансии.
Заработка на српските спортисти:
1. Новак Ѓоковиќ, 520.000.000 долари
2. Никола Јоќиќ, 210.000.000 долари
3. Владе Дивац, 200.000.000 долари
4. Предраг Стојаковиќ, 180.000.000 долари
5. Ана Ивановиќ, 180.000.000 долари
Најплатени тенисери на сите времиња:
1. Роџер Федерер, 700.000.000 долари
2. Андре Агаси, 570.000.000 долари
3. Рафаел Надал, 540.000.000 долари
4. Новак Ѓоковиќ, 520.000.000 долари
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа