Лидс на Алиоски се врати во Премиер лигата по 16-годишна пауза

 

Тимот на Лидс за кого настапува македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски, обезбеди место во англиската Премиер лига за следната сезона. Ова стана познато по вечерашниот пораз на Вест Бромвич Албион од Хадерсфилд со 2:1.

Лидс се враќа во елитата на англискиот фудбал по 16-годишен пауза.

ВБА загуби во 45. коло од Чемпионшип и остана на второто место со 82 бода, без можност да го стигне Лидс кој има 87 поени на 44 натпревари.

Теоретски, Брентфорд сепак може да го стори тоа (81 бод на 44 натпревари), но во секој случај, двете најсилни шампионски екипи ќе добијат директен билет во Премиер лигата.
Лидс Јунајтед е трикратен шампион на Англија, победник на Купот на земјата и Лига купот, двократен победник на Суперкупот на Англија. Тимот исто така двапати го освои Купот на Саемските градови, беше финалист Купот на УЕФА и на Купот на европските шампиони, а во Лигата на шампионите стигна до полуфиналето.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.07.2020 - 21:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега