Левицата со иницијатива за отворање 23 сензорни соби за деца со аутизам во Скопје

Советниците на Левица во Советот на Град Скопје денес поднесоа Иницијатива за отварање на 23 нови сензорни соби.

Со иницијативата советниците бараат отварање на по една сензорна соба во секое средно училиште во град Скопје, со што ќе им се излезе во пресрет на барањата и потребите на децата со аутизам и ќе се подобри квалитетот на нивното образование и живот.

Од партијата очекуваат оваа иницијатива да се најде на дневен ред на следната седница на Советот на Град Скопје.

15.02.2024 - 17:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега