Левица: Власта не ги тргна од дневен ред измените на Законот за урбанизам
На денешната собраниска седница, пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ побара да се тргнат од дневен ред контроверзните измени на Законот за урбанизам во СКРАТЕНА постапка. Владејачката коалиција (со 64 гласа) гласаше ПРОТИВ барањето на пратеникот од Левица и одлучи да ги шверцува ваквите измени во скратена постапка.
„Ваквите закони не смеат да се носат по скратена постапка, без да биде покрената соодветна и опширна јавна расправа, во која ќе бидат вклучени сите релевантни стручни општествени актери кои се занимаваат со оваа проблематика!
Недозволиво е дел на Републиката да нема нови урбанистички планови според нови тековни параметри, кои соодветствуваат на вистинските околности на терен.
Само да ја потсетам јавноста дека вакви слични, дури и идентични измени беа предложени и од СДСМ, и од ВМРО - ДПМНЕ кон крајот на претходниот мандат, а кои нашата пратеничка група ги блокираше. Со измените во новиот Деловник, сега ова не е возможно.“, стои во соопштението на Левица.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа