Левица: Наместо да одговара за аферата "бесплатен паркинг" Павле Трајанов доби функција

 


„Освен што Павле Трајанов беше дел од власта на Заев и еден од поддржувачите на Преспанскиот договор, токму Трајанов беше силно напаѓан од ДПМНЕ за НЕПОТИЗАМ и КОРУПЦИЈА. Имено,  во 2022 година ДПМНЕ обвинуваше дека ,,во Демократскиот Сојуз нема идеологија, само корист и трговија со влијание- службени автомобили, службени телефони и бесплатен паркинг, во замена за штетни закони". Токму портпаролот Наум Стоилковски обвинуваше дека Павле Трајанов го користел јавното претпријатие ,,ГРАДСКИ ПАРКИНГ" за вработување на негови роднини, кумашини и партиски функционери. 

Потсетуваме дека ДПМНЕ го обвинуваше Павле Трајанов за афера, каде противзаконски бил користен бесплатен паркинг од функционерите на Демократски сојуз, со што бил оштетен буџетот на претпријатието.

Очигледно е дека на македонската политичка сцена повторно се случува реприза од 2017-та година. Како што во минатото Заев ги зеде под закрила сите криминогени елементи од власта на Груевски, така денес во владата на Мицкоски ги гледаме истите потрошени политичари, кои се приврзоци на секоја партија на власт. Наместо новата власт да ја расчисти аферата и криминалот кој се случувал во ,,Градски паркинг" под директорување на Демократскиот сојуз, денес сведочиме како од оваа партија се назначуваат заменици-министри и координатори, како "награда" што биле партнери во предавничкиот режим на ЗАЕВ“, стои во соопштението на Левица.

31.07.2024 - 10:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега