Левица го возвраќа ударот во Аеродром: Донирал пари на ВМРО-ДПМНЕ пред 7 години

 

Предводникот на општинскиот огранок на Левица во Аеродром, во 2017 година заедно со сопругата донирал 500.000 денари во ВМРО-ДПМНЕ, објави партискиот лидер Апасиев по информацијата дека тој си заминува од партијата.
Списокот со донациите вчера вечерта беше објавен на социјалните мрежи од партиските фан страни и споделен од партискиот лидер.

Информацијата вечерта во видео на својот профил ја потврди и Масларковски кој објаснуваше дека уплаќал пари за други лица.

Масларковски кој беше и носител на советничката листа на Левица во скопски Аеродром и советник во општинскиот совет вчера рече дека си заминува од партијата.

29.02.2024 - 09:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега