Лефков: СДС мора да сфати дека партиите постојат заради граѓаните, а не граѓаните заради партиите


Очигледна е нервозата во Социјалдемократскиот сојуз по објавените анкети дека се 5 пати послаби од ВМРО-ДПМНЕ, но тоа не е и не може да биде оправдување за вреѓањето на граѓаните со зборови како „будали”, истакна на денешната прес-конференција Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

СДС мора да сфати дека партиите постојат заради граѓаните, а не граѓаните заради партиите. Затоа кога народот казнува и кажува дека не му се допаѓа некоја политичка партија, истата не треба да го навредува, туку да се поправи.

Најмалку што можат од СДС да направат е да смогнат сили и да се извинат.

Срамота е до кое дереџе ја донесе Филипче партијата која некогаш важеше за главен политички опонент на ВМРО-ДПМНЕ.

Ова е истата реторика на Стево Пендаровски кој го нарекуваше народот стока. Истиот заврши во политичка пензија.

Топло им порачуваме на СДС за лошите резултати на анкетите, вината да си ја бараат во криминалните структури во партијата, а не кај народот.

Ги повикуваме сите чинители во државата, граѓански организации и политички партии да го осудат односот на Социјалдемократскиот сојуз кон граѓаните. Вреѓањето на народот не смее да стане политички дискурс, рече Лефков.

 

30.09.2024 - 12:22

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега