Лефков: СДС и ДУИ пред заминување ги зголемија нотарските тарифи, владата на ВМРО-ДПМНЕ ги намали

 

СДС и ДУИ пред заминување ги зголемија нотарските тарифи, владата на ВМРО-ДПМНЕ ги намали, вели Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

„СДС и ДУИ на само две недели пред заминување од власт донесоа Ослука на влада за зголемување на нотарските тарифи. Зголемената тарифа беше вистински удар врз џебот на граѓаните и несразмерна давачка која го оптеретува функционирањето на граѓаните и правниот промет. Наместо за зголемени нотарски услуги повеќе пари ќе останат за граѓаните и нивните секојдневни животни потреби“, посочува Лефков и додава:

„Владата на ВМРО-ДПМНЕ спроведува политики кои се за доброто на граѓаните и во нивен интерес. Ја враќаме државата на народот“.

14.08.2024 - 12:26

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега