Лазаревска: СДСМ основа Медицински факултет во Битола
Со усвоениот Закон предложен од пратениците на СДСМ основаме Медицински факултет во Битола, изјави на денешната прес-конференција Жаклина Лазаревска, пратеничка на СДСМ.
Медицинскиот факултет ќе биде во состав на Универзитетот ,,Св. Климент Охридски" - Битола а ќе ги има отсеците за општа медицина, стоматологија, фармација и Висока медицинска школа, рече Лазаревска.
„Наставните бази на Факултетот ќе бидат Клиничката болница Битола, Специјалната болница за кардиолошки заболувања „Свети Стефан“ Охрид, Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ Охрид , Специјалната болница за нефрологија Струга и болницата со проширена дејност во Прилеп. Обезбедуваме висок степен на образование и обука за студенти кои ке станат идни лекари, со потребни знаења и вештини. Со основањето на Медицинскиот факултет Битола ќе го утврди своето место како регионален образовен центар и ќе даде можност на средношколците од градот и околните населени места, да студираат во своето место. Значително ќе допринесе во создавањето на нов стручен кадар, подобрување на здравствениот систем и одржување на високи стандарди за образованието, етиката и праксата во областа на медицината. Ова ќе влијае на зголемување на квалитетот на здравствени услуги преку обучени и компетентни лекари за подобрување на здравјето на населението“, посочи Лазаревска.
„Создаваме здравствен систем што не само што ќе ги обучува следните генерации на лекари туку и активно ќе придонесува кон напредокот и здравјето на општеството. Младите од Југозападниот дел на Македонија го заслужуваат тоа. За иднината на младите многу е важно да продолжи европскиот пат на земјата до полноправно членство во ЕУ“, потенцираше Лазаревска.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа