Лавров: Знаеме зошто се бориме во Украина, Русите мора да се ослободат

 

 

Русија спроведува специјална воена операција за да ги заштити Русите и оние граѓани кои зборуваат руски јазик, а кои се угнетувани од Украина со кршење на сите меѓународни норми, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во интервју за руските медиуми.

– Нашата специјална воена операција ја извршуваме токму поради тие луѓе кои се угнетувани, кршејќи ги сите меѓународни норми и принципи, кршејќи ги основите на кои беше прогласена независноста на Украина. Во Декларацијата за независност конкретно стои дека сакаат да бидат неутрална, неврзана земја и дека ќе бидат. Отворено велат дека на Русите и на граѓаните што зборуваат руски во областа и на националните малцинства воопшто им се гарантирани сите права и изјавуваат дека сакаат да живеат во мир, добрососедство и хармонија со сите свои соседи. Сето тоа сега е пречкртано и предадено на неонацистите кои сега се на власт во Киев – рече Лавров.

– И затоа знаеме за што се бориме. Знаеме дека сакаме да ги ослободиме овие луѓе од каква било закана што сегашните украински власти можат да ја создадат за нивните животи, нивните традиции, нивните семејства – нагласи министерот.

Лавров додаде дека „тие не бираат историја и географија“, па Русија „нема право да ги остави овие луѓе да бидат растргнати од нацисти и расисти“.

Претходно, рускиот претседател Владимир Путин, во обраќањето пред Федералното собрание, објави дека СВО е покрената за да се заштитат луѓето, да се обезбеди безбедноста на земјата, како и да се елиминира заканата од украинскиот неонацистички режим,пренесе Новости.рс.

28.03.2023 - 17:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега