Курти: Нема да ја поништам одлуката за забрана на динарот

Косовскиот премиер Албин Курти истакна дека неговата влада нема да се меша во одлуката на Централната банка на Косово (ЦБК) за забрана на динарот, но дека одлуката нема да биде поништена.

За британскиот медиум „Блумберг“, Курти изјавил дека се залага за новата регулатива на Централната банка на Косово за постапување со готовина,.

Тој додал дека Србите ќе имаат време да се прилагодат на новата одлука.

„Не можам да ја поништам оваа одлука. Нема да имаме никакви казнени мерки, не сакаме никого да казниме“ - додал тој.

12.02.2024 - 12:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега