Кумашинот на таткото на Вања не се појави на судењето - утрово имал паничен напад

 


На денешното рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, покрај родителите на Александар и неговата сестра, требаше да сведочи и кумашинот Гоце Трајковски, но не се појави на судењето.

Според зборовите на неговата мајка, Кираца Трајковска, која исто така е сведок, Гоце утрово доживеал паничен напад, што го спречило да присуствува на судењето.

Гоце Трајковски беше еден од првите кои се вклучија во потрагата за 14-годишната Вања. Тој му помагал на нејзиниот татко Александар Ѓорчевски во обидите да ја пронајдат Вања, која беше исчезната пред да биде откриено дека е убиена.

15.11.2024 - 11:36

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега