Куманово по невремето: Скршени дрвја и оштетени бандери
Вчерашниот дожд и ветер во кумановско оштетија неколку бандери, предизвикаа искрење на жици, соопштија денеска од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово.
Граѓаните, како што информираат од РЦУК Куманово, пријавиле дека во Горно Којнаре се спуштила бандера врз стрниште, во селата Доброшане, Режановце, Умин дол имало силни искри и пукање на жици од бандера. Граѓаните забележале и пукање на жици на „Пионерска“, на „Браќа Миладиновци“ на „Никола Михајлов“ се запалил орман, на „Доне Божинов“ пак паднала бандера. За сите оштетувања информирана била ЕВН.
Граѓани пријавија за паднато старо дрво во населбата Средорек, како и на регионалниот пат Куманово-Свети Николе кај село Орашац, за што биле известени јавното претпријатие „Чистота и Зеленило“ и „Македонија Пат“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа