Кула висока 240 метри се скрши на половина и се сруши во Харков

 

Телевизиска кула висока 240 метри во украинскиот град Харков се скрши на половина и се сруши на земја по, како што велат локалните власти, руски ракетен напад врз телевизиската инфраструктура.

Емитуваниот сигнал беше прекинат во вториот по големина украински град, кој беше цел на руски ракети и беспилотни летала во последните недели.

„Во моментов има прекини во дигиталниот телевизиски сигнал“, изјави регионалниот гувернер, Олех Синијехубов. Тој додаде дека нема жртви бидејќи работниците биле на безбедно.

На снимката од местото на настанот се гледа како главниот столб на кулата се крши и паѓа додека облак чад се издига на небото.

Од снимката не е јасно што ја погодило кулата, но властите во Харков рекоа дека Русија најверојатно користела крстаречка ракета Кх-59 во нападот. Русија првпат нападна телевизиска кула во Харков на почетокот на март 2022 година, непосредно по започнувањето на својата инвазија. Сигналот во тоа време беше прекинат.

Москва неодамна ги засили своите напади, додека Украина се бори со недоволна способност за воздушна одбрана. Харков и околниот регион ги доживеаја најлошите напади.

22.04.2024 - 23:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега