Куче застрела маж во Канзас: застанало на пушката и го убило човекот
Ловџија од Канзас бил пронајден мртов во својот автомобил во саботата, а локалните шерифи утврдиле дека тој умрел кога неговото куче случајно згазнало на чкрапалото на пушката.
Неименуваниот маж од Вичита бил пронајден во близина на населбата Геуда Спрингс. Властите соопштија дека тој починал околу 9.40 часот.
„Кучето на сопственикот на камионот ја згазнало пушката и случајно го застрелало човекот. Куршумот ја погодил жртвата, која поради повредите починала на самото место“, соопштиле од канцеларијата на шерифот, а пренесува „Дејли мејл“.
Полицијата не го објави името на ловецот, но многумина на социјалните мрежи се потсмеваа на околностите под кои тој го загубил животот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа