Крваво убиство на Свети Јован во Србија: Му дошол на слава па го усмртил
Страшно убиство ја потресе Србија кога на Свети Јован, маж го избоде до смрт својот поранешен зет, на кој му дошол на слава.
Крвавиот настан се случил во Батајница во Србија каде 70-годишниот М.Б. го избодел со нож поранешниот зет, 41-годишниот Д.Н. вчера околу 23 часот.
Полицијата веднаш го уапсила пензионерот под сомнение за убиство. Тој дошол на слава кај поранешниот зет, а според српските медиуми, во еден момент почнале расправија од засега непознати причини. При расправијата, М.Б. земал нож и го усмртил Д.Н.
Несреќниот маж им подлегнал на повредите на самото место на настанот.
Се очекуваат повеќе детали.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа