Кривичен суд во рок од 48 часа ќе одлучува за жалбата на одбраната по случувањата во М-НАВ

 

 

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по жалба на Основното јавно обвинителство – Скопје против решенија на судии од претходна постапка од 05.01.2024 година, со кои на 4 лица им определи мерки на претпазливост, а поврзани со случувањата во М-НАВ, во текот на денешниот ден оформи предмет по добивање на одговор на жалба од одбраната.

„Со оглед на барањето на странките во постапката, но пред се заради доследно почитување на Законските одредби, судот во рокот од 48 часа ќе донесе соодветна одлука за што ќе ги информира странките и јавноста“, велат од Кривичниот суд

Во однос на прашањата поврзани со други лица инволвирани во случајот, ја информира јавноста дека до овој момент Јавниот обвинител до судот нема поднесено дополнително барање за определување мерки и за други инволвирани лица освен за четворицата кои веќе се под мерки за претпазливост.

10.01.2024 - 15:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега