Критично во Црна Гора: Големата кашлица зема голем замав

 

Во Црна Гора се регистрирани 586 случаи на голема кашлица, а најголем дел од заболените има во возрасната група од 11 до 15 години – вкупно 232, соопшти денеска Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Најголем број случаи на голема кашлица се откриени во Подгорица (437), а меѓу оние со поголем број заразени се и Даниловград (30), потоа Беране (25), Бар (21), Будва (11), Цетиње (10).

Од 586 регистрирани случаи, во 553 (односно над 90 проценти) поминале пет или повеќе години од последната доза на вакцината (трета доза вакцина или прва ревакцинација) со компонентата на пертусис до почетокот на болеста, или лицата не биле имунизирани или нема доказ за имунизација (најмногу кај лица над 25 години).

Според информациите со кои располага Институтот, од почетокот на декември во Црна Гора поради голема кашлица се хоспитализирани вкупно 34 лица, додека еден пациент моментално е на болничко лекување.

Од Институтот ги повикаа родителите да ги носат децата на имунизација и да не ја одложуваат вакцинацијата без медицински контраиндикации утврдени и наведени од лекар.

12.02.2024 - 17:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега