Крис Нот доби отказ од крими-серијата „Еквилајзер“ по обвинувањата за сексуален напад

 

Ѕвездата на „Сексот и градот“, Крис Нот, е отпуштен од криминалистичката драмска серија на Си-би-ес, „Еквилајзер“, откога против него беа изнесени обвинувања за сексуален напад.

„Крис Нот повеќе нема да снима дополнителни епизоди од ‘Еквилајзер’. Оваа одлука веднаш ќе стапи во сила“, се наведува во изјава на „Јуниверзал телевижн“ и на Си-би-ес до која дојде „Дедлајн“.

67-годишниот Нот ќе се појави во претстојната епизода од серијата, која е веќе седум епизоди во втората сезона. Тој е дел серијата од почетокот на 2021 година.

Минатата недела две жени го обвинија актерот за сексуална злоупотреба. Двете стапиле во контакт со „Холивуд репортер“ за да споделат детали за наводно силување.

Нот ги негира ваквите наводи.

21.12.2021 - 20:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега