Кремљ: Западот замижува пред терористичките напади во Украина
Кремљ го обвини Западот дека замижува пред терористичките напади што ги извршила Украина во Русија, посочувајќи дека молчеле за нападот на мостот на Крим.
Во понеделникот во нападот на мостот загинаа мајка и татко, а повредена е нивната 14-годишна ќерка. Инцидентот се случил додека тие со возило го поминувале мостот на пат кон одморалиште.
Русија го анектира украинскиот Крим во 2014 година. Москва соопшти дека Украина користела поморски дронови во нападот на мостот што ја поврзува Русија со полуостровот. Киев, кој според извештаите на украинските медиуми стои зад нападот, но официјално не ја презеде одговорноста, вели дека Крим е украински и планира да го врати насилно како дел од неговата желба да ги протера руските војници од нејзината територија.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави пред новинарите во средата дека не е првпат Москва да забележува дека Западот не го осудува тероризмот кога е вмешана Украина.
„Целиот Запад е подготвен да замижи пред сите терористички напади организирани од режимот на Киев во нашата земја“, рече Песков. Така беше и порано, така ќе биде и понатаму. Ние го разбираме тоа совршено“, рече тој.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа