Кремљ за влезот на Финска во НАТО: Ќе преземеме контра мерки
Русија ќе мора да преземе контрамерки во врска со приемот на Финска во НАТО, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Кремљ смета дека ова е уште една ескалација и дека проширувањето на НАТО е закана за нашата безбедност и за интересите на Руската Федерација. Ќе преземеме контрамерки за да ја обезбедиме сопствената безбедност и тактички и стратешки“, предупреди Песков, нагласувајќи дека Русија ќе одговори како што ѝ одговара, пренесе ТАС С.
Песков рече дека руската армија за се навремено ќе ја информира јавноста.
„Внимателно ќе го следиме развојот на настаните во Финска и ќе видиме како северноатлантскиот блок ќе ја користи територијата на Финска во врска со распоредувањето на оружје, системи и инфраструктура во близина на нашата граница, што потенцијално претставува закана за нас“, рече Песков, додавајќи дека соодветно ќе се преземат мерки.
Според него, ситуацијата во Финска е суштински различна од ситуацијата во Украина.
„Прво, Финска никогаш не била антируска и немавме спорови со Финска“, рече Песков.
Тој нагласи дека со Украина работите се сосема спротивни и дека ситуацијата таму е потенцијално поопасна.
„Затоа моравме да извршиме специјална воена операција за да ги постигнеме сите цели што ги поставивме“, заклучи Песков.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа