Кремљ ја обвини Украина за смртоносниот напад врз станбената зграда во Днепар
Портпаролот на рускиот претседател, Владимир Путин, Дмитри Песков тврди дека руските сили не целеле станбени згради во недамнешниот масовен ракетен напад врз украински цели, што беше извршен во саботата.
„Ситуацијата во Днепар е резултат на акциите на украинската противвоздушна одбрана“, изјави Песков.
Во саботата проектил погоди станбена зграда, при што загинаа најмалку 35 лица, меѓу кои и деца, а беа повредени повеќе од 80 луѓе.
16.01.2023 - 11:48
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа