Кражба во автобус на ЈСП: Фатен е маж кој украл телефон од патничка

 

Полицијата уапси 51-годишен скопјанец кој украл телефон од патничка во автобус. 

Како што соопштија од полицијата, вчера во 13.20 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.Б.(51) од Скопје поради сомнение дека претходно во автобус на ЈСП, од 46-годишна жена од Скопје одзел мобилен телефон.


 

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

11.02.2025 - 15:29

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега