Крај на проблемите во хируршките сали: Потпишан договор за нова компресорска станица


Почна да тече рокот за изградба на нова компресорска станица во Клиничкиот центар која ќе овозможи хируршките сали да работат во полн капацитет. Министерот за здравство Арбен Таравари денес извести дека го потпишал договорот со компанијата „Винора“,  единствената која се пријави на повторениот оглас.

„Компанијата е сериозна, професионална за оваа работа и се надевам дека, според нив, за четири месеци целиот зафат ќе биде завршен. Договорот го потпишавме завчера. Ако некој се жали во меѓувреме тоа нема да биде добронамерно оти на три повици не се пријави никој“, рече министерот Таравари денес по посетата на Центарот за рехабилитација на патологија на вербалната комуникација.

Хируршките сали во Клиничкиот центар функционираат со надворешни компресори и со намален интензитет од мај, годинава, кога се појави смрдеа во дистрибутивната мрежа за кислород и компримиран воздух. Потешките операции место во Клиничкиот центар, до декември ќе се прават во Градската општа болница „8 Септември“ и во Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“.

18.09.2024 - 10:32

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега