Крадци ограбиле деловен објект во Скопје, па го запалиле
Вчера во 06.24 часот во СВР Скопје било пријавено дека неколку лица со употреба на сила и алат влегле во деловен објект на подрачјето на населба Бутел и откако одзеле повеќе предмети, предизвикале пожар во објектот, по што го напуштиле местото.
Екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот, а повредени лица нема.
Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на настанот.
06.02.2025 - 15:45
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа