Ковачевски со Трендафилов: СДСМ е на страна на работниците, нема да дозволиме поигрување со синдикалното движење

 

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски денеска имаше средба со претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов и со претседателството на синдикатите.
На средбата се разговараше за актуелните состојби во врска со пресудата на Врховен суд со која објектот на ССМ премина во сопственост на државата.
 
Претседателот Ковачевски беше дециден дека е на страната на работниците, на страната на синдикатите и дека цврсто стои во одбрана на нивните интереси. 
-Заштитата на правата на работниците, почитувањето и вреднувањето на нивниот труд е столб на социјалдемократијата. СДСМ нема да дозволи урбанистичко дивеење или уништување на синдикалното движење, кое е основа на прогресивните процеси во државата. Никој да не си замислува дека ќе биде поинаку и ќе може да си поигрува со синдикатот. Да се тргнат рацете од ССМ, ќе помогнеме да се најде најдобро решение и нема да дозволиме такво нешто, рече Ковачевски.
 
Владата во рамки на своите ингеренции треба да најде начин за решавање на овој проблем, настанат по одлука на Врховниот суд, потензираше Ковачевски.
 
 
 
 
29.01.2024 - 17:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега