Ковачевски: Со денешната плата може да се купат 270 четвртини добар бурек од Куманово

 

Со денешната плата можат да се купат 100 четвртини бурек повеќе отколку со платата која што беше во времето на ВМРО-ДПМНЕ, рече во своето интервју за Сител вчера, лидерот на СДСМ и поранешен Премиер Димитар Ковачевски.
Прашан за коментар на ставот на Мицкоски дека порано четврт бурек со јогурт беше 50 денари а денеска надминува 120, Ковачевски рече дека минималната и просечната плата во времето на ВМРО-ДПМНЕ била неколку пати помала од онаа во времето на ВМРО-ДМНЕ.
„Во Бурек ако сакате да пресметате, во тоа време со минимална плата можеле да се купат 170 четвртини бурек денес може да се купат 270 четвртини бурек и тоа добар бурек во „Мирела“ во Куманово“ – рече Ковачевски на Сител

29.02.2024 - 09:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега