Ковачевски на средба со вонпарламентарните коалициски партнери

Ковачевски информираше дека одржал работна вечера со претседателите и други високи претставници на вонпарламентарните партии, кои се дел од коалицијата предводена од СДСМ, на која се разговарало за реализација на владината програма, како и за мерките и политиките за поддршка на граѓаните во време на светска економска и енергетска криза.

– Оваа средба, која е дел од низата средби со коалициските партнери на СДСМ, ја искористивме и да поразговараме за заедничките активности кои ги планираме за оваа година и за европската иднина на државата која е наш заеднички приоритет, објави вечерва Ковачевски на неговата Фејсбук страница.

Денешната средба следи по работната вечера на Ковачевски во понеделникот со претседателите и други високи претставници на парламентарните партии со кои СДСМ заедно настапи на последните парламентарни избори и кои се дел од владината коалиција, на која се разговарало за справувањето со последиците на енергетско-економската криза, спорведувањето на владината програма, реформите за европскиот пат и чекорите за обезбедување европска иднина на државата.

– Во пријатна атмосфера разговаравме за активностите во претстојната 2023 година, за мерките и политиките на Владата за справување со глобалната енергетска криза, економскиот развој и енергетската транзиција, за имплементација на владината програмата, реформите за европскиот пат и чекорите за обезбедување европска иднината на државата, напиша Ковачевски во понеделникот на Фејсбук.

 

26.01.2023 - 21:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега