Ковачевски на работен ручек на високo ниво на Светскиот eкономски форум
Премиерот Димитар Ковачевски, учествуваше на работен ручек со светската бизнис и политичка елита, во организација на Светскиот економски форум во Њујорк.
На собирот учествуваа високи претставници на политичко ниво од земјите од Г7, Европа, Азија и регионот, како и на водечки светски мултинационални компании, меѓу кои на Амазон, Мастеркард и други.
На ручекот се разговараше за начините за зајакнување на основната доверба неопходна за унапредување на заедничката глобална агенда во сегашниот предизвикувачки геополитички контекст, во којшто е потребно да се одржи и постигне напредок за критичните економски, еколошки и општествени приоритети.
На ручекот, премиерот Ковачевски оствари повеќе значајни контакти во насока на воспоставување или продолжување економска соработка.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа