Ковачевски на предновогодишна средба со децата од малите групни домови од Детскиот дом „11 Октомври“

Премиерот Димитар Ковачевски денеска заедно со министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска имаше новогодишна средба со децата згрижени во мали групни домови од Детскиот дом „11 Октомври“ во Скопје.

На средбата, како што соопшти владината прес-служба, Ковачевски разговарал со децата за предизвиците со кои се соочуваат во училиште, како и во нивното секојдневие, како и за нивните очекувања и планови во годината што следува.

Децата му ги пренеле на премиерот Ковачевски своите размислувања дека во малите групни домови сите функционираат како едно големо семејство, при што искажале убави зборови за потребната нега и грижа што ја добиваат во групните домови каде се негуваат семејните вредности.

26.12.2023 - 18:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега